Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Голем успех за краткиот филм „Налепница“ на Унковски, во официјална конкуренција на Санденс!

Голем успех за краткиот филм „Налепница“ на Унковски, во официјална конкуренција на Санденс!

Краткиот филм „Налепница“, по сценарио и режија на Георги М. Унковски, во продукција на Синема Футура, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, e избран во официјалната селекција на Sundance 2020. Филмот на Унковски е во редот на 74 кратки филмови кои влегоа во официјалната селекција од вкупно 10.397 пријавени филмови, меѓу кои 4.992 од САД, а 5.405 биле од други земји. „Налепница“ ќе има три проекции на 24, 28 и 30 јануари - во Парк Сити и една на 25ти во Солт Лејк Сити во Јута.

Налепница

Публиката кај нас во изминатиот период имаше можност да ја погледне црната комедија, во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.

Налепница Налепница

Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации низ Скопје. Исто како и во првенецот на авторот, краткометражниот филм „Пепи и Муто“, главната улога и овој пат му припадна на Сашко Коцев, а покрај него настапуваат Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевки. Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, за костимите се погрижи Розa Трајческа, додека за маската и шминката на главниот лик беа одговорни Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски. Продуцент е Иван Унковски, извршни продуценти Марија Димитрова и Горан Ацевски.

Георги М. Унковски е роден 1988 година, во Њујорк. Студирал фотографија на Институтот за технологија во Рочестер, САД, а магистрирал режија на FAMU во Прага, Република Чешка.

Налепница Налепница

Санденс Филмскиот Фестивал е организиран од Санденс Инситутот и се одржува секоја година во месец Јануари во Парк Сити и Солт Лејк Сити во Јута, САД и е најголемиот фестивал на независни филмови во Северна Америка а негов патрон е Роберт Ретфорд.

Минатата година три награди во категоријата документарни филмови подигна уште еден македонски филм – Honeyland!

Ce радуваме на успесите на македонскиот филм!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11162 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.