Мили Боби Браун и Џејк Бонџови уживаат во новите улоги на родители.
Откако открија дека летово посвоија девојче, 21-годишната ѕвезда од „Stranger Things“ и 23-годишниот син на Џон Бон Џови за првпат беа фотографирани на фамилијарна прошетка. Џејк го туркаше бебенцето во количка, додека Мили чекореше покрај нив со дуксер на кој пишуваше „Мајка“.




„Тие навистина се потрудија да создадат специјален фамилијарен живот во Џорџија. Таа ја обожава својата фарма која ќе биде специјално место на кое ќе расте бебето. Дури и пред да стапат во брак, таа често зборуваше за нејзината желба да стане млада мајка. Џејк отсекогаш беше на иста страна. Тие се во ова заедно“ – изјавил извор близок до парот за People.





Мили и Џејк започнаа да се состануваат во јуни 2021 година, а во април 2023 година објавија дека се верија. Младиот пар стапи во брак минатата година.

