Џенифер Лопез знае како да остави впечаток каде и да се појави.
55-годишната актерка и музичарка беше поканета на интимна приватна забава по повод 98-миот роденден на композиторот Џон Кандер. На настанот, Лопез шармираше во бела креација од колекцијата есен 2023 на Стефан Ролан.












Претходно, во истиот ден, Лопез настапи на добротворен концерт. Музичката ѕвезда пристигна во комбинација во праска нијанса, а на сцената настапи во гламурозен црн фустан.


Кандер и неговиот партнер Фред Еб стојат зад мјузиклот „Kiss of the Spider Woman“. Лопез глуми во истоимената филмска адаптација која ќе се прикажува во киносалите оваа година.


