Новиот коронавирус ни го промени животот на сите. Во ново интервју, Џорџ Клуни зборуваше за животот во пандемија, за 3-годишните близначиња Ела и Александар и за новите „хобија“ наметнати од родителството.
На две од фотографиите, Џорџ позира со велосипедите на близначињата во рацете.

За списанието „W“, 59-годишниот актер изјави дека сам си ја потстрижува својата коса и косата на малото синче, но не смее да ја допира косата на ќеркичката.
„Ја потсрижувам косата на син ми и мојата, но јас отсекогаш си ја средував косата. Косата ми е како трска. Ја немам скратено косата на ќерка ми, ќе бидам во неволја доколку го направам тоа. Досега ѝ ја немаме скратено, долга ѝ е и изгледа прекрасно. Ако ја згрешам косата на син ми, ќе му порасне. Но, жена ми ќе ме убие ако ја допрам косата на ќерка ни“ – вели тој.
ВИДЕО
Како нови хобија во време на пандемија, Клуни шеговито вели дека му се полнење две-три машини за перење на ден и миење садови по цел ден, бидејќи децата се хаотични.


Џорџ и Амал Клуни стапија во брак во 2014 година, а нивните близначиња се родија во јуни 2017 година.