Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Гвинет Палтроу се разголи за 50-тиот роденден: „Се ослободив од потребата да бидам совршена“

Гвинет Палтроу се разголи за 50-тиот роденден: „Се ослободив од потребата да бидам совршена“

Гвинет Палтроу го прослави 50-тиот роденден. За овој златен јубилеј, светски познатата актерка позираше комплетно гола и објави фотографии на кои е прекриена со златна боја.

„Сè што знаев е дека ќе ме обојат во златна боја и дека треба да бидам гола. Се чувствувам одлично за мојот 50. роденден и ова го направив за да ја истакнам енергијата и позитивноста која ја чувствувам“ – вели Палтроу.

Гвинет Палтроу Гвинет Палтроу

Во блог пост на својот сајт Goop посветен на јубилејниот роденден, холивудската ѕвезда зборуваше за физичките промени на телото кои природно доаѓаат со стареењето.

„Моето тело, кое е мапа со докази за сите минати денови, не е безвременско. Тоа е збирка на белези и неправилности кои настанале со текот на годините. Имам лузни од изгореници, одамна скршен прст од прозорец, раѓањето на дете. Седа коса и фини брчки. Сонцето има оставено отпечатоци по моето тело, како со четка да има цртано по моето тело со темносин акварел.“

„И додека правам сè што можам за да имам добро здравје и долговечност, да го спречам слабеењето на мускулите и повлекување на коските, имам мантра која си ја кажувам за да ги избркам мислите кои можат да ми наштетат: ‘Прифаќам. Ја прифаќам опуштената кожа, брчките. Го прифаќам моето тело и се ослободувам од потребата да бидам совршена, да ѝ пркосам на гравитацијата, на логиката. Да му пркосам на човештвото. Ја прифаќам мојата состојба’“ - напиша Гвинет.

Гвинет Палтроу

На Instagram, Гвинет објави нови фотографии на кои со широка насмевка скока низ тревникот облечена во бикини.

Гвинет Палтроу

Палтроу призна и дека е загрижена за тоа на каков начин нејзините деца Епл (18) и Мојсеј (16) ќе се сеќаваат на нејзиниот 50-ти роденден.

„Моите деца сега се доволно возрасни за да се сеќаваат на овој мој 'голем' роденден понатаму во нивниот живот. Можеби нивното сеќавање за роденденот нема да биде тоа што бев возбудена, ни тагувањето за работите кои ги изгубив или не ги направив. Некогаш сум многу добра, некогаш не. Се надевам дека ќе можат да ги забележат тие работи. Моите чувства на каење и моите грешки отсега ќе служат како скеле за она што ќе го градам во иднина. Моите деца се најголемото постигнување во мојот живот.“

Гвинет се потсети и на родендените на нејзините родители и напиша: „Изненадена бев од моите родители. 50-тите родендени им беа како пресметка. За мајка ми беше кулминација на чудесното, на височините, љубовта и уметноста. За татко ми беше кулминација на тагата“ – напиша таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.