Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вистинска дива и на 81-година: Дајана Рос во креација со наметка со имињата на 5-те деца и внуците

Вистинска дива и на 81-година: Дајана Рос во креација со наметка со имињата на 5-те деца и внуците

Дајана Рос привлече огромно внимание на балот МЕТ.

81-годишната легендарна пејачка се појави на свеченоста за првпат по 22 години во креација со ултра долга наметка, на која беа извезени имињата на нејзините деца и внуци. Вкупно 13 имиња ја красеа креацијата, дизајнирана од нејзиниот син Еван Рос, a изработена во соработка со дизајнерот Уго Мози.

Дајана Рос Дајана Рос Дајана Рос

„Имав магична вечер на МЕТ галата со мојот син Еван, носејќи фустан кој тој го создаде со Уго Мози. Имињата на моите деца и внуци, најважните луѓе за мене, беа извезени на мојата опашка, па чувствував како да ги носам сите со мене. Колку убава вечер“ – напиша Дајана.

Таа позираше со своите најмили пред настанот во музејот „Метрополитен“ во Њујорк.

Дајана има пет деца и седум внуци.

Дајана Рос Дајана Рос Дајана Рос Дајана Рос Дајана Рос Дајана Рос Дајана Рос Дајана Рос
@britishvogue Live from the red carpet: #DianaRoss at the 2025 #MetGala ♬ sonido original - Garrzía - Garrzía DISCO HEAVEN
@mtvuk Diana Ross said let me remind the children queen! #DianaRoss #MetGala #redcarpet #mtvceleb ♬ Tyla Truth Or Dare Mash Up - DJ KINGSZN

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25446 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.