Дејвид и Викторија Бекам заедно со своите деца изминатиот период престојуваа во Африка. За време на патувањето, славното семејство го посети Националниот парк Серенгети во Танзанија и имаше можност одблиску да набљудува животни како лавови, тигри, слонови и зебри.
43-годишната дизајнерка и 42-годишниот поранешен фудбалер споделија фотографии од авантуристичкото сафари патување со најмилите.
Дејвид наиде на неколку негативни коментари поради фотографијата на која ја бакнува 5-годишната Харпер во уста. „Дејвид, да ја бакнуваш ќерка ти в уста е погрешно“, „Се обидувам да не судам, но не можам да не помислам дека е многу чудно што тој ја бакнува на усните, ако се земе предвид нејзината возраст“, „Сметам дека таа е малку голема за тоа“ – се дел од критиките за нивниот бакнеж. Но сепак, побројни се лицата кои сметаат дека тоа е слатко и е прекрасен начин за покажување на татковската љубов.