Викторија и Дејвид Бекам ја избраа Венеција како дестинација за прославување на 23-годишнината од нивниот брак.
48-годишната дизајнерка и 47-годишниот поранешен фудбалер отпатуваа во романтичниот италијански град со нејзините родители Џеки и Антони. Четворицата беа фотографирани на гондола додека се упатуваа кон ресторан.
Парот носеше координирани жолти стајлинзи. Фустанот на Викторија доаѓа од нејзиното ателје.
„И по 23 години, сè уште сме ускладени“ – напиша таа на фотографија на која позира со Дејвид.












