Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Вие сте моите ремек-дела“: Бритни Спирс со емотивно писмо за своите две синчиња

„Вие сте моите ремек-дела“: Бритни Спирс со емотивно писмо за своите две синчиња

Бритни Спирс напиша емотивно писмо за своите два сина, по повод Денот на мајката, кој во САД се слави на 8 мај.

Во текстот објавен во списанието „Time“, 34-годишната пејачка ги нарекува 10-годишниот Престон и 9-годишниот Џејден свои ремек-дела и ги поттикнува да ги следат своите соништа, да се борат за тоа што го сакаат и да пронаоѓаат мир во религијата.

Бритни Спирс со децата

Вие сте моите ремек-дела. На денот кога ги видов најскапоцените очи, целосно поверував во чуда. Бог ми даде толку убав подарок, да ги истражувам вашите прекрасни светови секој ден. Се молам како мајка да ве научам со сила и со страст да минувате низ тешкотиите на овој свет. Најголемиот дел од битките ќе ги победите на колена. Се молам да ги пронајдете вашите соништа.

Бог секогаш доаѓа кај нас низ мали шепотења. Се молам секогаш да го пронаоѓате неговиот шепот, но и да разберете што навистина значи да го следиш својот внатрешен глас.

Секогаш верувајте во себе и знајте дека сè е возможно. Се молам сонувањето да ја свести вашата душа за неограчичените можности кои се пред вас. Се надевам дека најскапоцените мистерии од животот ќе останат вечно со вас и дека никогаш нема да се срамите од јачината на вашата вистинска светлина. Се надевам дека ќе научите дека сте најповрзани со Бог кога се молите сами и дека никогаш не сте сами. Тој е секогаш со вас.

Се молам да се смеете, да сакате и да се издигнувате низ патувањето наречено живот.

Бритни

Бритни, Престон и Џејден Престон и Џејден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.