Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Вие ни ја давате силата“: Браќата Мартин и Стефан со фотографии за 17-годишнината на Next Time

„Вие ни ја давате силата“: Браќата Мартин и Стефан со фотографии за 17-годишнината на Next Time

Изминаа 17 години од формирањето на македонската група Next Time.

Браќата-близнаци Мартин и Стефан, кои го сочинуваат популарното дуо, со фотографии ја одбележаа оваа значајна за нив годишнина. Тие им се заблагодарија на сите свои фанови, соработници и спонзори низ годините.

Next Time Next Time Next Time Next Time

Еве ја нивната објава на социјалните мрежи:

17 години Next Time!!!

17 години исполнети со емоција, емоција исполнета со радост. Пробуваме да ставиме секогаш фокус на радоста иако покрај секоја победа има и многу порази, но нашето мото отсекогаш било и ќе биде да уживаме во победата, а да научиме од поразот.

Победата сте секогаш вие, публиката!!! Вие ни ја давате силата, вие ни ја давате мотивацијата и вие ни го давате лебот. Затоа сме ви благодарни од срце. Ние даваме и ќе даваме сè од себе да ја оправдаме вашата доверба со секоја песна и со секој нов концерт.

Следната година стануваме професионално полнолетни, а со полнолетство доаѓа и зрелост, така што веруваме во уште многу години славење песни, музика, концерти и заеднички дружби!!!

Благодарност до сите наши соработници како во бендот така и надвор од него.

Благодарност до сите спонзори и помагатели, вие ни ја олеснувате работата и креативноста!!!

Ви благодариме од срце.

Ваши
Стефан и Мартин
Next Time

Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time

Next Time се формира на почетокот на 2008 година и браќата потпишаа договор со План Б продукција. Пред тоа настапуваа како бенд на музички фестивали за деца. Нивниот прв сингл „Не верувам во тебе“ беше објавен во мај 2008 година.

Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time Next Time

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25427 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.