Џорџ Клуни влезе во улога и на главен актер и на режисер за новиот филм „The Midnight Sky“. Објавен е официјалниот трејлер за најновиот филмски проект на
Научно-фантастичната драма ја раскажува приказната за осамениот научник Огустин, кој боледува од рак и се наоѓа на Арктикот, уверен дека е единствениот преживеан по мистериозна глобална катастрофа.
Подоцна, тој наоѓа мало девојче за кое е обврзан да се грижи, додека истовремено се обидува да контактира астронаути кои се наоѓаат во вселената за да ги информира за апокалипсата и да ги спречи да се вратат назад на Земјата.
Филмот ќе излезе на 23 декември на Netflix. Покрај Клуни, улоги во филмот имаат Фелисити Џонс, Кајл Чендлер, Дејвид Ојелово и Демијан Бичир.
