Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Првиот трејлер за филмот за Меган Маркл и принцот Хари по одделувањето од кралското семејство

ВИДЕО: Првиот трејлер за филмот за Меган Маркл и принцот Хари по одделувањето од кралското семејство

Телевизијата „Lifetime“ сними нов филм за Меган Маркл и принцот Хари, која ја раскажува приказната по нивното заминување од палатата и одделувањето од кралското семејство.

Вчера, беше објавен првиот трејлер, во кој е прикажан и дел од нивното отворено интервју за Опра Винфри.

„Гледам како буквално те гонат до смрт, а јас сум немоќен да го спречам тоа“ – ѝ вели Хари на Меган во трејлерот. „Не сите бајки имаат перфектен крај“ – пишува на крајот.

Премиерата на филмот е планирана за оваа есен. Актерката Сидни Мортон влегува во улогата на Меган, додека Џордан Дин ќе го портретира принцот Хари.

Меган и Хари стапија во брак во 2018 година. На почетокот од месецов, тие го добија второто дете – ќеркичката Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор. Парот има и 2-годишно синче, Арчи.

Меган и Хари со Арчи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11414 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.