Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Новиот трејлер за комедијата „Bad Moms“ со Мила Кунис

ВИДЕО: Новиот трејлер за комедијата „Bad Moms“ со Мила Кунис

Мила Кунис очајно се обидува да биде совршена мајка во својот најнов филмски проект. Трејлерот за „Bad Moms“ ни дозволува да ѕирнеме со какви хаотични ситуации се соочува популарната актерка, обидувајќи се да стигне да направи сè сама.

Сценаристи и режисери се Џон Лукас и Скот Мор, дуото кое стои зад сценариото на популарната комедија „The Hangover“.

Премиерата на филмот со 32-годишната сопруга на Ештон Кучер ќе биде во јули оваа година. Покрај Кунис, во филмот ќе ги видиме и Кристен Бел, Кристина Еплгејт, Џејда Пинкет Смит и Кетрин Хан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.