Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Новинарка со аутизам направи интервју со Ченинг Тејтум

ВИДЕО: Новинарка со аутизам направи интервју со Ченинг Тејтум

Девојка со аутизам го направи своето прво интервју со Ченинг Тејтум. Карли Флајшмен не може да зборува и со помош на уред му ги постави прашањата на згодниот актер.

„Сакам да ви го претставам мојот прв гостин! Тој беше стриптизер, полициски офицер, таен агент, партнер на многу девојки и наскоро ќе ја напушти сопругата за да биде со мене“ – се шегува 21-годишната новинарка додека го претставува холивудскиот актер.

„Би се состанувал ли со 21-годишна личност со аутизам?“ – го прашува Карли, на што тој одговара дека би го направил со дозвола од својата сопруга. „Добро, моите адвокати работат на твоите документи за развод“ – додава младата новинарка.

Карли го завршува интервјуто со зборовите: „Ти благодарам Ченинг за ова интервју кое се случува еднаш во животот. Моите куфери се веќе во твојата куќа и јас сум подготвена да се вселам.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11482 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.