Џастин Тимберлејк и Џесика Бил беа гости на ревијата на Луј Витон која се одржа во рамките на Париската недела на модата. Додека парот се упатуваше кон музејот Лувр каде се одржуваше модното шоу, маж го зграби Џастин за ногата, по што беше одвлечен од обезбедувањето.
Овој момент беше „уловен“ од камерите.
ВИДЕО:







Подоцна, стана јасно дека всушност се работи за шегаџијата Виталиј Седјук, кој е познат натрапник. Често се случува тој да ги напаѓа славните личности на јавните настани, а меѓу неговите „жртви“ се Џиџи Хадид, Сиара, Бред Пит, Ким Кардашијан и Леонардо Дикаприо.






