Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Елена влезе во финалето на ТЛЗП, погледнете го настапот

ВИДЕО: Елена влезе во финалето на ТЛЗП, погледнете го настапот

Елена Ристеска е меѓу петмината финалисти на шоуто „Твоето лице звучи познато“. Македонската музичка ѕвезда следната недела ќе се бори за освојување на првото место со Катарина Богиќевиќ, Бане Мојиќевиќ, Ненад Окановиќ и Јелена Гавриловиќ.

Во полуфиналната вечер, Елена настапи со хитот „Chandelier“ од Сија. Обидувајќи се што подобро да долови настап на Сија, Елена пееше свртена со грбот кон публиката. И покрај проблемите со гласот, таа се обиде да ги испее и највисоките ноти на баладата.

Финалистите беа избрани по собирање на поените од жирито, натпреварувачите и публиката. За првпат им беше дадена можност на гледачите да се вклучат во рангирањето, давајќи го својот глас преку СМС-порака. Публиката беше заслужна што Елена доби 10 поени и место во финалната епизода.

По завршувањето на шоуто, Елена изјавила дека не очекувала дека ќе влезе во финалето. Сепак, таа додала дека ѝ е драго поради пласманот и уште еднаш потенцирала дека шоуто има хуманитарен карактер.

Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.