Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Даниел влезе во финалето на ТЛЗП со одличен настап како Мајкл Џексон

ВИДЕО: Даниел влезе во финалето на ТЛЗП со одличен настап како Мајкл Џексон

Даниел Кајмакоски покажа дека ниту една задача не е претешка за него во „Твоето лице звучи познато“ и заслужено доби место меѓу петте финалисти.

Во синоќешното полуфинале, македонската ѕвезда се претстави со два хитови на Мајкл Џексон, „Dirty Diana“ и „Thriller“. Со пофалбите на жирито се согласи и публиката која испрати многу гласови на адреса на Даниел, за тој да стигне до последниот предизвик пред прогласувањето на победникот во шоуто.

Даниел Кајмакоски

Покрај Даниел, во финалето ќе ги видиме и Каја, Ивана Петерс, Никола Роквиќ и Неша Бриџис. Следната недела ќе биде официјално објавено името на победникот, кој ќе добие 25.000 евра за хуманитарни цели.

Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски

Настапот на Даниел како Мајкл Џексон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.