Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Волшебен трејлер за „Волшебникот од Оз“ од Дизни

ВИДЕО: Волшебен трејлер за „Волшебникот од Оз“ од Дизни

Новиот трејлер за филмот „Oz: The Great and Powerful“ го разбуди љубопитството на обожавателите на фантазиите.

Волшебното видео ни ја најавува возбудливата приказна за Оскар (Џејмс Франко), магионичар од циркус, кој ненадејно слетува во мистична земја. Таму тој среќава три добри вештерки, во чии улоги влегуваат Мила Кунис, Рејчел Вајс и Мишел Вилијамс, а подоцна станува моќниот Волшебник од Оз.

Постер за „Oz: The Great and Powerful“

Дејството во филмот се одвива долго пред Дороти да пристигне во мистериозното царство. Филмот кој е во режија на Сем Рејми ќе ја доживее својата премиера на 8 март наредната година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.