Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Амира Медуњанин ја покани Каролина Гочева на сцената и заедно ја испеаја „Македонско девојче“ во Битола

ВИДЕО: Амира Медуњанин ја покани Каролина Гочева на сцената и заедно ја испеаја „Македонско девојче“ во Битола

Пред два дена, Амира Медуњанин одржа прекрасен концерт во античкиот локалитет Хераклеа во Битола.

Како изненадување, 48-годишната босанска пејачка ја покани Каролина Гочева на сцената и заедно ја изведоа „Македонско девојче“.

Погледнете го нивниот заеднички настап во кој уживаше битолската публика:

„Завчера во Хераклеа, Амира Медуњанин ме повика на сцена заедно да ја изведеме нашата ,,Македонско девојче". Како што може да видите, не очекував да се појавам во улога на изведувач вечерта. Драга Амира, прекрасно беше, те чекаме пак!“ – напиша Каролина во описот на видеото на Facebook.

Каролина и Амира Каролина и Амира Каролина и Амира Каролина и Амира

Фотографии: Ивона Кочов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11120 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.