Роузи Хантингтон-Вајтли го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста и ретко споделува фотографии од семејството.
Но сега, 35-годишната манекенка им даде можност на обожавателите да ѕирнат во нејзиниот фамилијарен живот со двете деца, споделувајќи албум на Instagram. На фотографиите Роузи позира со 3-месечната ќеркичка Изабела, а на неколку од нив се појавува и нејзиното синче Џек.
„Вечни спомени“ – напиша таа во описот.




Малиот Џек покажа и слатка порака за неговиот татко Џејсон Стејтам. „За Тато: Ти благодарам што работиш толку напорно. Те сака, Џек“ – му напиша тој. Роузи и Џејсон се во врска од 2010 година.








