Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вестите дека Селин Дион е во болница се лажни

Вестите дека Селин Дион е во болница се лажни

Селин Дион и нејзините неродени близначиња се во одлична состојба, иако вчера една од најраспространуваните вести беше дека легендарната пејачка била итно пренесена во болница поради компликации во бременоста.

Селин Дион и нејзиниот сопруг РенеСелин Дион и нејзиниот сопруг Рене

Претставник на Селин Дион ги нарече ваквите вести „комплетно фабрикувани“ и објасни дека бременоста на Селин тече во најдобар ред.

„Таа не беше во болница, нејзината бременост продолжува да е здрава и таа се чувствува фантастично“ – изјавил претставник на славната 42-годишна дива.

Дион и нејзиниот сопруг Рене биле вознемирени од појавата на вакви лажни вести, особено поради тоа што добивале многу повици од загрижени пријатели.

Селин Дион треба да донесе на свет две машки близначиња во ноември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.