Весна Петрушевска се отвори за моментот кога нејзиниот поранешен сопруг ѝ рекол дека не ја сака повеќе и решиле да се разведат.
Во интервју за kurir.mk, македонската глумица сподели дека ѝ било тешко по разделбата со саканиот Јанко Тренкоски, но со текот на времето сфатила дека тоа била најдобрата одлука за двајцата.

„Кога мене ми соопшти бившиот сопруг, ми вели: ‘Слушај, јас и ти сме историја. Не знам како да ти кажам, но не те сакам повеќе’. Мене тогаш ми беше како шок. Кога помина, кога поминаа неколку години, тоа е најточната реплика што јас сум ја слушнала. И тоа така треба да врви. Значи, до тука, не те сакам. Се случува и да се вљуби човек во друг, како што тој се вљуби. Значи сè се случува.“
„Подобро добар развод отколку лош брак. Секогаш е подобро да си се наместиш каде што треба да се наместиш, да немаш големи очекувања“ – вели Весна во видеото објавено на Instagram.
Јанко во моментов живее во САД, каде што пред неколку години отпатува и нивниот син Кирил за таму да го продолжи образованието.
