Викторија и Дејвид Бекам слават 23 години од бракот.
За да го одбележи значајниот ден, 48-годишната дизајнерка сподели фотографија на Instagram, а во описот се пошегува за сите коментари кои ги добиваат низ годините.
„Велат дека тој не е забавен, велат дека јас не се смеам, велеа дека нема да трае. Денес славиме 23 години во брак. Дејвид ти ми си сè. Те сакам многу“ – напиша таа.
И Дејвид не пропушти да ја одбележи годишнината од бракот. Тој сподели видео од старо интервју со Викторија и ги насмеа обожавателите.
Парот се запозна на фудбалски натпревар во 1997 година, а се вери следната година. Тие имаат четири деца.


