Почетна » Новости » Шоу-бизнис » В сабота за првпат ќе ѕирнеме во новиот филм „Денот на жената“ сниман во Македонија за време на пандемијата

В сабота за првпат ќе ѕирнеме во новиот филм „Денот на жената“ сниман во Македонија за време на пандемијата

Во октомври минатата година, под посебни протоколи за заштита од КОВИД-19, се снимаше филмот „Денот на жената“ во Скопје и Куманово.

Првото филмско дело режирано од Гоце Цветановски фокусот го става на трговијата со луѓе, присилната проституција и насилството врз жените, но носи длабока човечка порака.

Оваа сабота (16 јануари), преку краток тизер, ќе можеме за првпат да ѕирнеме во новиот филм.

Денот на жената

Главната женска улога ја толкува талентираната Слаѓана Вујошевиќ, додека главните машки улоги им припаднаа на Муса Исуфи и Исмаил Касуми, многукратно наградувани актери од Кумановскиот театар.

Денот на жената Денот на жената Денот на жената

Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.

Денот на жената

Директор на Фотографија е Фејми Даут, кој минатата година беше номиниран за Оскар со филмот „Медена Земја“.

Официјален постер за „Денот на жената“Официјалниот постер за „Денот на жената“

Филмот се снима со поддршка на Агенцијата за филм. Медиумски партнери на проектот се femina.mk, fakulteti.mk, skd.mk и Слободен печат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.