Семејството на Брус Вилис споделува спомени со него додека над нив надвиснува неговата дијагноза – фронтотемпорална деменција.
Сопругата Ема објави видео од семејна авантура во Дизниленд, а фановите непрекинато испраќаат пораки за поддршка.




Во приватната снимка, популарниот актер е насмеан и во одлично расположение до малата ќерка за време на возење во популарниот забавен парк во Калифорнија.
Брус се повлече од актерството поради здравствени проблеми. Имено, минатата година беше објавено дека тој страда од афазија, а во февруари семејството доби поспецифична дијагноза – фронтотемпорална деменција (ФТД).
„За жал, предизвиците во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се соочува Брус. Колку и да е болно ова, олеснување е што конечно имаме јасна дијагноза“ – споделија неговите најблиски.
Во есеј за Вог, неговата ќерка Талула напиша: „Тој сè уште знае која сум и се расположува кога ќе влезам“.
68-годишниот актер е во брак со Ема Хеминг со која има две ќерки. Претходно, тој беше оженет со Деми Мур со која има три ќерки и одржува одлични пријателски односи.

