Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бригит Нилсен на 54 години го роди ПЕТТОТО дете

Бригит Нилсен на 54 години го роди ПЕТТОТО дете

Бригит Нилсен се породи. Познатата данска актерка го роди своето петто дете на 54-годишна возраст.

Поранешната сопруга на Силвестер Сталоне ја потврди среќната вест за реномираното списание People.

Бригет Нилсен

Ова е прво дете на Нилсен со 39-годишниот Матија Деси, со кого е во брак од 2006 година.

„Пресреќни сме што ѝ посакавме добредојде во нашите животи на нашата прекрасна ќеркичка. Патот беше долг, но вредеше. Никогаш не сме биле позаљубени“ – изјавил парот. Девојчето го доби името Фрида.

Бригит откри дека е бремена минатиот месец. „Семејството станува поголемо“ – напиша таа на фотографија на која го покажа трудничкиот стомак.

Бригит и Силвестер со Ненси и Роналд РеганБригит со сопругот Бригит Нилсен

Ова е нејзин петти брак. Контроверзниот модел има четири возрасни сина од кои најголемиот има 34 години.

Бригит стапи во брак со Сталоне во 1985 година. Парот се разведе две години подоцна.

Бригит и Силвестер со Ненси и Роналд РеганБригит и Силвестер со Ненси и Роналд Реган

Нилсен многупати била во центарот на контроверзни моменти поради прекумерното консумирање алкохол, но и обидите со пластична хирургија да изгледа на иста возраст како сегашниот сопруг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.