Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бремената Хали Бери се омажи

Бремената Хали Бери се омажи

Хали Бери по третпат застана пред олтар. Атрактивната актерка и францускиот актер Оливие Мартинез стапија во брак.

Оливие и Хали

Свадбената церемонија се одржала во замок во Франција, а обезбедувањето на славниот пар се погрижило папараците да не стигнат до убавата невеста.

На малкуте фотографии до кои стигнаа странските медиуми, може да се види 46-годишната актерка во автомобил кој се упатува кон замокот. На прославата присуствувале околу 60 гости, меѓу кои и 5-годишната ќерка на Бери, Нала.

Свадбата на Хали Бери Свадбата на Хали Бери Свадбата на Хали Бери Свадбата на Хали Бери

Хали и Оливие се запознаа за време на снимањето на филмот „Dark Tide“ во 2010 година и оттогаш се неразделни. Во април минатата година потврдија дека планираат свадба.

Пред неколку месеци беше објавено дека Хали е бремена. Брачниот пар очекува син.

Оливие и Хали

Ова е трет брак на привлечната актерка, а прв на Оливие кој претходно беше во неколкугодишна врска со Кајли Миног.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.