Блејк Лајвли ужива во третата бременост. 31-годишната актерка стои подалеку од медиумските рефлектори додека е во блажена состојба, но папараците успеаја да ја уловат за време на нејзината посета со ќерките на Рајан Рејнолдс, кој снима нов филм во Бостон.
На сетот на филмот „Free Guy“, Лајвли се појави во кежуал издание со шешир заедно со 4-годишната Џејмс и 2-годишната Инез.
Блејк и Рајан успешно ја криеја веста дека очекуваат трето дете до премиерата на „Pokémon Detective Pikachu“, на која таа блесна во жолто.