Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бремена за првпат на 50 години: Џенет Џексон фотографирана во Лондон

Бремена за првпат на 50 години: Џенет Џексон фотографирана во Лондон

Џенет Џексон и Висам Ал Мана за кратко време ќе станат родители. Иако 50-годишната музичка ѕвезда не е често мета на папараците, деновиве беше фотографирана во Лондон, а нејзиното трудничко стомаче се истакна и покрај широката темна облека.

Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон

Во април, славната пејачка по препорака на докторите ја откажа својата светска турнеја „Unbreakable“. Таа преку видео на социјалните мрежи им се обрати на своите фанови за да им се извини што ја одложува турнејата и да им соопшти дека со сопругот планираат да основаат семејство.„Сметав дека е важно вие да бидете први што ќе дознаете. Јас и мојот сопруг планираме да основаме семејство, па морам да ја одложам турнејата. Ве молам да разберете дека ми е важно да го направам ова сега. Докторите ми наредија да одмарам“ – вели Џенет во видеото.

Видео

Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон

Џенет и 41-годишниот бизнисмен тајно стапија во брак во 2012 година, а ја потврдија веста на почетокот на 2013 година. Ова е трет брак за Џексон.

Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.