Даниел Кајмакоски имаше семејна авантура со сопругата Марина и нивните две деца.
Познатиот пејач, кој во минатото живееше во Австрија, со најмилите го посети популарниот аквариум „Haus des Meeres“ (Куќа на морето) во Виена, каде што уживаа во ден исполнет со смеа, природа и многу интересни животни.
На фотографиите, кои ги споделија на социјалните мрежи, Даниел и Марина уживаа со синчето Стефан и ќеркичката Емилија во набљудување на мајмуни, риби, гуштери и многу други суштества.
Овој уникатен аквариум и терариум е еден од најпознатите во Австрија, сместен во срцето на Виена. „Haus des Meeres“ е дом на повеќе од 10.000 водни и копнени суштества, распоредени на површина од околу 4.000 метри квадратни, што го прави едно од најфасцинантните места за семејни прошетки во градот.
