Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бред Пит во својата прва фотосесија за списание по разводот со Анџелина Џоли

Бред Пит во својата прва фотосесија за списание по разводот со Анџелина Џоли

Поминаа повеќе од седум месеци откако беше објавена веста дека златната двојка на Холивуд се разведува. По тешкиот период поминат подалеку од очите јавноста, Бред Пит се враќа во светот на шоу-бизнисот.

53-годишниот актер ја сними својата прва фотосесија за списание по разводот со Анџелина Џоли, добивајќи не една, туку три насловни страници на летното издание од машкото списание GQ, посветено на стилот. За списанието, славниот холивудски шармер го даде и првото интервју по разделбата со Џоли.

Бред Пит Бред Пит Бред Пит

Во интервјуто, кое сè уште не е објавено, Пит зборувал за љубовта, загубата, татковството и како тој продолжил со својот живот по распаѓањето на бракот.

Бред и Анџелина беа во врска повеќе од една деценија пред да ја крунисаат својата врска со венчавка на 23 август 2014 година. 41-годишната актерка поднесе документи за развод во септември минатата година.

Анџелина и Бред Анџелина и Бред Анџелина и Бред Анџелина и Бред

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.