Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блејк Лајвли ќе биде Кери Бредшоу?

Блејк Лајвли ќе биде Кери Бредшоу?

Голема е веројатноста „Сексот и градот“ да се врати на филмското платно. Но, ниту Сара Џесика Паркер, ниту останатите нејзини пријателки нема да добијат учество.

Најновите гласини се дека режисерот на „Сексот и градот“, Мајкл Партик Кинг, изразил интерес да ги пренесе новите книги на Кендис Бушнел на големиот екран.

Сара Џесика ПаркерСара Џесика Паркер Блејк ЛајвлиБлејк Лајвли

Новиот филм ќе се базира на книгата „Дневниците на Кери“, во која Кендис го опишува тинејџерскиот живот на Кери Бредшоу, и книгата „Летото и градот“, во која го следи преселувањето на Кери од Конектикат во Њујорк.

Улогата на Кери Бредшоу, Мајкл Патрик Кинг сака да ѝ ја додели на Блејк Лајвли.

„Нема планови за да се вратат Сара Џесика Паркер и другите девојки повторно заедно. Со ова ќе се внесе нов живот во приказната, ќе се истражуваат првите месеци на Кери во Њујорк и ќе се проследи нејзината врска со повозрасен маж“ – изјавил анонимен извор за списанието Grazia.

Дополнување (09.02.2011):
Набрзо откако Grazia ја објави веста, претставник на Блејк Лајвли ги негираше ваквите гласини.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9490 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.