Кога и да објави дека е бремена, Блејк Лајвли е прогонувана од папараците, кои неуморно ја следат за да направат фотографии од нејзиното трудничко стомаче.
Сега, откако беше откриено дека го очекува четвртото дете со Рајан Рејнолдс, таа повторно води борба со упорните фотографи.
35-годишната актерка одлучи да објави фотографии на Instagram од нејзините бремености за да ги „замоли“ папараците да ја остават на мир.
„Еве фотографии од мене бремена во вистинскиот живот, за 11-те мажи кои ме чекаат пред мојот дом да ме остават на мир. Ме излудувате мене и моите деца“ – напиша таа во описот.









Во 2012 година, Блејк стапи во брак со Рајан со кого има три ќерки: 7-годишната Џејмс, 5-годишната Инез и 2-годишната Бети.

Пред неколку дена, Блејк присуствуваше на настан на Forbes.
