Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блејк Лајвли насмеана на настан откако судијата ја отфрли тужбата од 400 милиони долари против неа на Џастин Балдони

Блејк Лајвли насмеана на настан откако судијата ја отфрли тужбата од 400 милиони долари против неа на Џастин Балдони

Блејк Лајвли чувствува големо олеснување откако судот ја отфрли тужбата на Џастин Балдони против неа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс.

Само неколку часови по добивањето на убавата вест, 37-годишната актерка со широка насмевка пристигна на вечера организирана од Шанел во рамките на филмскиот фестивал во Трибека. Таа носеше бел тесен фустан кој ѝ ја истакна фигурата.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Извор близок до парот сподели дека Блејк плачела со олеснување откако дознала дека судијата Луис Лајман ја отфрли контратужбата за клевета која Џастин Балдони ја поднесе против парот.

„Очигледно ѝ олесна. И на двајцата. Сите се среќни“ – рекол изворот.

Судењето на Блејк и Џастин е закажано за март 2026 година. За потсетување, актерката го обвини 40-годишниот актер за сексуално вознемирување на сетот на „It Ends with Us“ и оцрнување на нејзиниот имиџ. Тимот на Балдони, кој го режираше филмот, ги отфрли таквите тврдења.

Блејк Лајвли

Според обвинението, Џастин се обидел да додаде сцени кои вклучувале голотија без согласност на Лајвли, ја бакнувал Лајвли кога тоа не било предвидено во сценариото, споделувал свои сексуални искуства и ја принудувал да го направи истото, влегувал во нејзината приколка ненајавен кога таа била топлес, ѝ покажувал фотографии од голи жени и дискутирал пред неа за неговата зависност од порнографија.

Блејк Лајвли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26349 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.