Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе стилски експериментира во едиторијал за „Harper’s Bazaar“

Бијонсе стилски експериментира во едиторијал за „Harper’s Bazaar“

Бијонсе ја спојува високата мода со нејзината спортска колекција во соработка со adidas за септемвриското издание на „Harper’s Bazaar“.

39-годишната музичарка позираше во гламурозни креации од модни куќи како Гучи, Балман, Живанши и Диор, како и парчиња од новата колекција Ivy Park Rodeo.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Во интервјуто за списанието, таа зборуваше за еволуцијата на сцената и во личниот живот, но и за замислата за иднината.

„Желба ми е моите 40-ти да ми бидат забавни и исполнети со слобода. Секој ден сакам да ја чувствувам истата слобода која ја чувствувам на сцената. Сакам да истражувам аспекти од себе кои немав време да ги откријам и да уживам со сопругот и децата. Сакам да патувам без да работам. Сакам следнава декада да биде за прослави, радост и давање и примање на љубов. Сакам да им ја дадам сета љубов што ја имам на луѓето кои ме сакаат“ – вели таа.

Бијонсе најави и дека подготвува нова музика.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.