Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе сподели дека ги роди близначињата со итен царски рез, проговори и за неверството и телото по породувањето

Бијонсе сподели дека ги роди близначињата со итен царски рез, проговори и за неверството и телото по породувањето

Бијонсе е главната ѕвезда која го краси најважното издание на „Вог“ - септемвриското.

Покрај тоа што сними фотосесија за модната библија, 36-годишната пејачка се отвори за приватниот живот, откри дека ги роди близнаците со итен царски рез, зборуваше за изневерувањето од страна на Џеј Зи и прифаќањето на облините и телото по породувањето.

Бијонсе

„По раѓањето на првото дете, верував во нештата кои општеството ги зборуваше за тоа како моето тело треба да изгледа. Се притискав во три месеци да ги изгубам сите килограмите од бременоста и закажав мала турнеја за да се осигурам дека ќе го сторам тоа. Гледајќи наназад, сега знам дека тоа беше лудост. Сè уште доев и одржував концерти во Атлантик Сити во 2012 година. Со близнаците, им приоѓав на работите поинаку.“

„Имав 99 килограми на денот кога ги родив Руми и Сер. Бев потечена поради токсемија и бев врзана за кревет повеќе од еден месец. Моето здравје и здравјето на моите деца беа во опасност, па имав итен царски рез. Поминавме многу недели на одделот за неонатална интензивна нега. Мојот сопруг беше војник и силна поддршка за мене. Горда сум што сум сведок на неговата сила и еволуција како маж, најдобар пријател и татко. Бев во фаза на преживување и не бев свесна за тоа сè до пред неколку месеци. Денес, чувствувам поврзаност со секој родител кој има минато низ истото искуство.“

„По царскиот рез, моето торзо го чувствував поинаку. Беше голема операција. Некои органи привремено се поместуваат, а во ретки случаи, се отстрануваат за време на породувањето. Не сум сигурна дека сите го разбираат тоа. Ми требаше време да заздравам, да се опоравам. За време на закрепнувањето, си дадов себеси љубов и грижа и ги прифатив моите облини. Го прифатив тоа што моето тело сакаше да биде. По шест месеци, започнав да се подготвувам за Коачела. Привремено станав веган, се откажав од кафе, алкохол и сите овошни пијалаци. Но, бев трпелива со себеси и уживав во моите пополни облини, како што и уживаа и моите деца и сопругот“ – изјавила славната пејачка.

„Сметам дека е важно жените и мажите да ја видат и ценат убавината во нивните природни тела. Токму затоа ги тргнав сите перики и надградби на косата и користев малку шминка за оваа фотосесија. До ден-денес моите раце, рамена, гради и бутови се пополни. Имам мало мајчинско стомаче, но не брзам за да се ослободам од него. Сметам дека е реално“ – додала таа.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Пред неколку месеци стана јасно дека Џеј Зи ја има изневерено. За скршеното срце, таа рекла: „Секое патување има многу нијанси. Ништо не е црно или бело. Сум била до пеколот и назад и благодарна сум за секоја лузна. Имам преживеано предавства и срцето ми било кршено на многу начини. Сум имала разочарувања во бизнис партнерствата, исто како и во приватните и тие ме оставиле да се чувствувам запоставена, изгубена и ранлива. Низ сето тоа, научив да се смеам, да плачам и да растам. Ја гледам жената која бев во моите 20-ти години и гледам млада дама чија самодоверба расте, но се обидува да им удоволи на сите околу себе. Сега се чувствувам поубава, посекси и сметам дека сум многу поинтересна. И многу помоќна“ – објаснила Бијонсе.

Бијонсе

Музичката дива зборуваше и за тоа дека сака нејзиниот син да израсне во добар и грижлив маж. „Сакам мојот син да знае дека може да биде силен и храбар, но исто така, да знае дека може да биде чувствителен и љубезен. Сакам син ми да има висока емоционална интелигенција и да биде слободен да биде грижлив, реален и искрен. Тоа е сè што една жена сака кај еден маж, а сепак ние не ги учиме нашите момчиња на тие вредности“ – вели Бијонсе.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11490 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.