Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе заведува во „Вог“, се отвори за животот во карантин, родителството и одгледувањето пчели

Бијонсе заведува во „Вог“, се отвори за животот во карантин, родителството и одгледувањето пчели

Бијонсе е атрактивна заводничка на трите специјални корици на декемвриското издание на британскиот „Бог“.

Славната музичарка сними едиторијал со креации од сопствената колекција Adidas x Ivy Carter, но и со модни дела од врвни дизајнери.

Бијонсе Бијонсе

Од „Вог“ повикаа некои од омилените модни куќи да создадат креации за едиторијалот од 20 страници, со крајна цел да се подигне модната индустрија во овие екстремно тешки времиња.

„Предизвикот го прифатија сите од Александар МекКвин до Оскар де ла Рента, од Вествуд до Барбери, од Фенди до Кристофер Џон Роџерс“ – вели главниот уредник на списанието Едвард Енинфул, кој имаше можност да разговара со Бијонсе.

Фотографиите ги потпишува младата фотографка Кенеди Картер, која е обожавателка на Бијонсе.

Во интервјуто за списанието Бијонсе се отвори за животот во карантин, за родителството во овие тешки времиња и откри дека има два пчеларници со повеќе од 80.000 пчели.

Бијонсе

За карантниските денови и за тоа колку ја променија, Бијонсе вели:

За време на карантинот, модата беше место за бегство за мене. Со моите деца си смисливме Модни Петоци. Секој петок, ќе се облечевме со мои алишта или заедно ќе направевме облека и ќе се фотографиравме. Тоа ни стана ритуал и можност заедно да се справиме со оваа луда година. Најновата колекција Ivy Park беше инспирирана од таа нова традиција. Таа умислено се состои од силни и смели бои кои нè потсетуваат да се смееме. Користев многу неонска жолта и корална помешана со бебешко сино и земјени тонови кои даваат смирувачко чувство. Тие ми носат радост и ме смеат сред овие тешки времиња за сите нас.

Апсолутно сум променета. Би било тешко да се искуси животот во пандемија со моменталните социјални пореметувања без да се промениме. Научив дека мојот глас е почист кога сум во мирување. Навистина го ценам времето со моето семејство и мојата нова цел е да го намалам темпото и да се ослободам од некои стресни работи во мојот живот. Во музичката индустрија сум од 15 години... Поминав многу време фокусирајќи се на градење на моето наследство и на претставување на мојата култура на најдобриот начин кој го знам. Сега, одлучив да си дадам дозвола за да се фокусирам на мојата радост.

Бијонсе

За родителството:

Станав подобар слушател. Блу е многу интелигентна и свесна е дека се случуваат промени, но моја работа како родител е да го дадам најдоброто од себе за да го одржувам нејзиниот свет колку што е можно попозитивен и побезбеден за едно осумгодишно девојче. Мојот најдобар совет за родителите е да ги сакаат нивните деца посилно отсекогаш. Им давам до знаење на моите деца дека тие никогаш не се премногу млади за да придонесат во менување на светот. Никогаш не им ги потценувам мислите и чувствата и постојано проверувам за да разберам како сето ова влијае на нив... Кога на Блу ќе ѝ кажам дека се гордеам со неа, таа ми вели дека се гордее со мене и дека вршам многу добра работа. Тоа е мноооогу слатко. Ми го топи срцето. Верувам дека најдобриот начин за да ги учиме е да им бидеме пример.

Бијонсе

На прашањето да каже нешто што никој не го знае за неа, Бијонсе вели:

Имам два пчеларници. Вистински. Ги имам во мојата куќа веќе некое време. Имам околу 80.000 пчели и правиме стотици тегли мед годишно. Ги создадов овие пчеларници, бидејќи моите ќерки Блу и Руми имаат ужасни алергии, а медот има безброј лекувачки својства.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.