Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе блесна на Греми и го сруши рекордот за најмногу победи во историјата на манифестацијата

Бијонсе блесна на Греми и го сруши рекордот за најмногу победи во историјата на манифестацијата

Бијонсе задоцни на овогодишното доделување на наградите Греми, но тоа не ѝ попречи да го сруши рекордот за најмногу Греми победи во историјата.

41-годишната дива го пропушти црвениот тепих и врачувањето на првата награда поради сообраќајниот метеж во Лос Анџелес. Таа пристигна на манифестацијата облечена во златно-сребрена металик креација од Гучи заедно со сопругот Џеј Зи.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

На 65-тото издание, Бијонсе освои четири златни грамофони и со вкупно 32 Греми награди го сруши рекордот. Таа има и рекордни 88 номинации досега.

Славната музичарка победи во категориите Најдобар денс/електронски албум, Најдобра R&B песна, Најдобар денс/електронски запис и Најдобра традиционална R&B изведба.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Бијонсе подоцна се пресоблече во црн кадифен фустан и позираше со Џеј Зи.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11209 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.