Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бен Афлек за алкохолизмот: „Се борам за себе и за моето семејство“

Бен Афлек за алкохолизмот: „Се борам за себе и за моето семејство“

Бен Афлек 40 дена се лекуваше од зависност од алкохол во центар за рехабилитација. Популарниот актер со порака им се заблагодари на фановите за поддршката и сподели дека посветено ќе се бори да остане трезен.

Бен Афлек

„Надминувањето на која било зависност е доживотна и тешка борба. Тоа е обврска за која треба постојана посветеност. Јас се борам за себе и за моето семејство. Многу луѓе ме контактираа на социјалните мрежи и ги споделија со мене нивните патувања со зависност. На тие луѓе сакам да им речам – благодарам. Вашата сила е инспиративна и ме поддржувате онака како што не мислев дека е можно. Помага што знам дека не сум сам. Како што и самиот си се потсетувам себеси: Ако имаш проблем, барањето помош е знак на смелост, а не на слабост и неуспех“ – се вели во неговата порака.

46-годишниот актер беше одвезен во центар за рехабилитација од неговата бивша сопруга Џенифер Гарнер.

Бен Афлек Бен Афлек Бен Афлек

Џенифер одлучила да интервенира откако Бен беше уловен од папараците додека примаше пакет со алкохол пред неговиот дом.

Бен Афлек

Изминатиов август, во неколку наврати Бен беше фотографиран со 22-годишната Шона Секстон, а на неговото лице се гледаше дека не е во трезна состојба. Неговата врска со Плејбој моделот следуваше по разделбата со Линдзи Шукус.

Бен Афлек Бен Афлек

За доброто на нивните три деца, Џенифер ја презеде главната улога за да му помогне на Бен да се оттргне од канџите на зависноста. Ова е трет пат тој да побара помош од специјалисти за алкохолизам.

Бен Афлек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27201 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.