Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Откако ја изгуби контролата со алкохолот и имаше врска со Плејбој модел, Бен Афлек оди на рехабилитација поттикнат од Џенифер Гарнер

Откако ја изгуби контролата со алкохолот и имаше врска со Плејбој модел, Бен Афлек оди на рехабилитација поттикнат од Џенифер Гарнер

Бен Афлек по третпат оди на рехабилитација. Славниот актер повторно ја изгуби контролата со алкохолот, но доби помош од неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, која лично го одвезе во специјализирана установа за лекување на зависности.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Постапката на Џенифер наиде на море од комплименти. Нејзината посветеност да одржува блиска врска со Бен за доброто на нивните три деца секогаш била мета на пофалби, но сега пофалните зборови драстично се намножија. Иако парот има поднесено документи за развод, постапката сè уште не е финиширана.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Џенифер одлучила да интервенира откако Бен беше уловен од папараците додека примаше пакет со алкохол пред неговиот дом.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Деновиве 46-годишниот актер во неколку наврати беше фотографиран со 22-годишната Шона Секстон, а на неговото лице се гледаше дека не е во трезна состојба. Неговата врска со Плејбој моделот следуваше по разделбата со Линдзи Шукус.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер Бен Афлек и Џенифер Гарнер Бен Афлек и Џенифер Гарнер Бен Афлек и Џенифер Гарнер Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Списанието People контактираше со блсика личност на Гарнер која за ситуацијата прокоментира: „Дали таа е среќна што тој се забавува со млад Плејбој модел? Се разбира дека не. Но, таа сега не е загрижена со која тој е во врска. Таа се грижи за неговата трезност и дали може да се потпре на него како родител на нивните деца.“

Џенифер пред два дена беше почестена со ѕвезда на холивудската Патека на славните. На церемонијата таа се појави со трите деца, родителите и сестрите.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Бен и Џенифер се запознаа на снимањето на филмот „Daredevil“, а стапија во брак на 29 јуни 2005 година. Тие објавија дека се разделуваат само еден ден по нивната 10-годишнина од бракот.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.