Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бела Хадид негираше дека си има направено пластична операција и дека користи филери

Бела Хадид негираше дека си има направено пластична операција и дека користи филери

Бела Хадид е еден од најбараните и најпопуларните модели во моментов. Додека континуирано е под лупата на јавноста, таа добива позитивни коментари, но и забелешки во однос на изгледот.

Бела Хадид

На интернет кружат фотографии од типот „пред и потоа“ и многумина се убедени дека 21-годишната модна ѕвезда има легнато под нож и дека има направено многу повеќе од естетска корекција на носот.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Сепак, во ново интервју за InStyle, Бела ги негира тие тврдења. „Луѓето мислат дека имам направено многу операции или дека сум го направила ова или она. И знаете што? Можеме да направиме скенирање на моето лице, драги. Страв ми е да ставам филери во усните. Не сакам да си поигрувам со моето лице“ – рекла таа.

Бела Хадид Бела Хадид

Додека растела, Бела вели дека не се чувствувала самоуверено и дека дури и била вербално малтретирана. „Имав мал струк и големи колкови и бев малку дебелка. Сега си ги сакам, но отсекогаш ми било непријатно за колковите додека мојата сестра имаше изразени стомачни мускули и беше многу атлетски градена. И мислев дека имам чудно лице. Се сеќавам многу јасно дека бев малтретирана за моите црти“ – изјави Хадид.

Бела Хадид

И покрај негирањето, многумина не се убедени дека Бела е искрена во однос на естетските корекции на лицето.

Бела Хадид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27134 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.