Корона-кризата го менува шоу-бизнисот, особено начинот на којшто ѕвездите ги промовираат проектите. Џенифер Анистон сними фотосесија во сопствениот двор, без гламурозна облека и специјални реквизити.
51-годишната актерка позираше во тексас кошула и кратки фармерски панталони пред објективот на Џеј Кленденин од Los Angeles Times.


На неколку од фотографиите во преден план е нејзиното куче.


Во интервјуто, Анистон ја промовираше својата серија „The Morning Show“, а зборуваше и за плановите да доживее длабока старост.
„Го гледам татко ми, кој наполни 87 и е Грк – тврдоглав, прекрасен, сето тоа од таа генерација, но, знаете, мислам дека може да биде поздрав. Тој ќе ми се налути. Знаете и мајка ми, никој од нив не се грижеше за себе. Но, не знаеја за поинаку. А сега ние знаеме. Па, кој е твојот изговор? Сè се врти околу тоа што внесуваш во телото, вежбање. Татко ми никогаш не го правел тоа. Тие не знаеја дека можеш да ги одржуваш коските силни, а уште помалку да бидеш фит. Јас ќе бидам во моите 80-ти или 90-ти години, а со ова темпо можеби ви во 100-тите и не сакам да бидам во количка. Сакам да бидам полна со живот и да цветам“ – вели таа.





