Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Бев немилосрдно исмејувана“: Ѕвездата од „Sex And The City“ се отвори за користењето филери и Ботокс

„Бев немилосрдно исмејувана“: Ѕвездата од „Sex And The City“ се отвори за користењето филери и Ботокс

Кристин Дејвис се отвори за користењето Ботокс и филери, како и за нејзиното исмејување од страна на интернет корисниците поради естетските корекции.

58-годишната ѕвезда од „Sex And The City“ призна дека поминала низ стресен период и дека плачела поради тоа што била немилосрдно исмејувана.

Кристин Дејвис Кристин Дејвис

Кристин чувствувала голем притисок да изгледа како во нејзината младост особено пред појавувањето во продолжението од серијата, насловено „And Just Like That“.

„Тешко е постојано да се соочувате со вашата помлада верзија. Предизвик е да запомнете дека не мора да изгледате на тој начин. Интернетот го сака тоа, но исто така не го сака. Многу се конфликтни“ – отворено зборувала таа.

Дејвис со години користела само Ботокс и била среќна со резултатите, но по долго време, одлучила да проба и филери. Промените во изгледот резултирале со бројни критики, кои ја растажиле.

„Сум пробала филери кои биле добри и филери кои биле лоши. Морав да одам да ги разградат и немилосрдно бев исмејувана. Плачев поради тоа. Многу е стресно“ – рекла таа.

Кристин Дејвис Кристин Дејвис

За филерите кои си ги имала ставено на усните, популарната актерка изјавила: „Долго време, никој не ми кажуваше дека не изгледаат добро. За среќа, имам добри пријатели кои ми кажаа на крајот. Работата е што не си се смееш себеси пред огледалото. Мислам кој се смее сам на себе пред огледало? Лудите луѓе“.

Кристин Дејвис Кристин Дејвис Кристин Дејвис

Погледнете го трејлерот за претстојната втора сезона од „And Just Like That“:

Кристин заедно со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Ким Катрал се прославија по улогите во „Sex And The City“.

Кристин Дејвис Кристин Дејвис Кристин Дејвис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.