Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Беати Принсло се породи, со Адам Левин го добија третото дете

Беати Принсло се породи, со Адам Левин го добија третото дете

Адам Левин и Беати Принсло имаат за што да се радуваат. 43-годишниот пејач и 34-годишниот модел го добија нивното трето дете.

Среќната вест за раѓањето на бебенцето ја откри анонимен извор за списанието „People“.

Адам и Беати Адам и Беати

Адам и Беати стапија во брак во 2014 година. Тие се родители и на 6-годишната Дасти Роуз и 4-годишната Џио Грејс.

Адам и Беати Адам и Беати Адам и Беати

За време на третата бременост на Беати избија големи скандали. Адам беше обвинуван дека испраќа флерувачки пораки до неколку жени, по што тој се огласи дека направил грешка, но никогаш немал афера со друга.

„Немав афера, сепак, ја преминав границата во еден период од мојот живот за кој се каам. Најголема грешка што можев да ја направам е тоа што бев наивен и глупав да го ризикувам единственото нешто кое што ми е важно во животот. Никогаш нема да го направам тоа повторно. Преземам комплетна одговорност. Ќе го пребродиме ова заедно“ - напиша Адам на Instagram.

Адам и Беати Адам и Беати Адам и Беати

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.