Анџелина Џоли започна да му го преставува на светот продолжението на дизниевиот филм „Maleficent“.
На премиерата на „Maleficent: Mistress Of Evil“, во духот на улогата на „господарка на сето зло“, Џоли носеше црн долг фустан од модната куќа Версаче.






На филмскиот настан во Лос Анџелес, 44-годишната актерка беше придружувана од пет од своите деца. Пакс, Захара, Шајло и 11-годишните близанци Нокс и Вивиен гордо позираа покрај нивната славна мајка.
Недостасуваше само нејзиниот син Медокс, кој неодамна замина на студии во Јужна Кореа.


















Џоли позираше и со колешките Мишел Фајфер и Ел Фенинг и со останатиот дел од филмската екипа.




Дизниевите филмови ја раскажуваат приказната за злобната вила од „Заспаната убавица“. Првиот дел од „Maleficent“, кој излезе во 2014 година, ги откри настаните кои го скаменија нејзиното срце и ја натераа да го проколне бебето Аурора, а во вториот дел се обработува комплексната врска помеѓу Малефисент и Аурора и заканите со кои се соочуваат во магичната шума.
„Maleficent: Mistress of Evil“ ќе започне да се прикажува во киносалите од 18 октомври.