Разводот ги стави Анџелина Џоли и Бред Пит под медиумската лупа, па нивните постапки и зборови привлекуваат големо внимание.
41-годишната актерка има примарно старателство над шесте деца и во изминативе месеци многупати е фотографирана со нив за време на различни активности.
Изминатиот викенд, Џоли беше на прошетка во Малибу со ќерката Шајло, близнаците Вивиен и Нокс и семејното куче.





Бред Пит привлече медиумски интерес со коментарите за животот по разделбата од Џоли. „Немам тајни. Немам што да кријам... Децата се сè. Децата ти се животот. Го земаат цел фокус, како што и треба да биде. Не сум со самоубиствени намери или нешто слично. Сè уште има многу убавина во светот и многу љубов. И многу љубов за давање. Сè е добро. Таков е животот“ - рекол тој.
