Анџелина Џоли блесна на церемонијата по повод доделувањето на наградите на Американското здружение на кинематографи.
Холивудската ѕвезда заведуваше во раскошна креација во шампањ нијанса од високата мода на Ели Сааб.
За време на манифестацијата која се одржа во Лос Анџелес, Џоли беше почестена со награда поради тоа што привлече внимание кон социјални проблеми со филмот „First They Killed My Father“.