Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли во сребрен фустан од Џени Пекам на примањето на престижна награда

Анџелина Џоли во сребрен фустан од Џени Пекам на примањето на престижна награда

Анџелина Џоли беше почестена со награда на манифестацијата Hollywood Film Awards, која синоќа се одржа во Беверли Хилс.

42-годишната актерка доби статуетка за својот нов филм „First They Killed My Father“. И на Лун Ун, по чија книга е сниман филмот, ѝ беше врачена наградата за филм од неанглиско говорно подрачје.

Анџелина Џоли

Облечена во сатенски фустан во сребрена боја од Џени Пекам, Џоли шармираше на црвениот тепих. Во својот стајлинг, таа вклучи и обувки од Шарлот Олимпија и дијамантски накит од Tiffany & Co.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„First They Killed My Father“ ја прикажува војната низ очите на дете, раскажувајќи ја вистинската приказна за животот и детството на Лун, која ги искуси на своја кожа негативните последици од војната во Камбоџа. Ун ги изгуби своите родители и двете сестри во војната.

По огромниот успех кој го постигна, Камбоџа го кандидира филмот за Оскар во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.