Антониа Гиговска се инспирираше од големиот успех за спотот „Аман“ снимен во Египет и направи фотосесија во која е прикажана „како Египќанка во современа верзија“.
На фотографиите, Антониа позира во провокативни изданија со кратка црна и долга руса коса.
„Како би изгледал древниот Египет во 2025.“
„Јас и мојот тим инспирирани од мојот проект ‘Аман’ решивме да направиме фотосесија во која ќе прикажеме како би изгледала Антониа како Египќанка во малку посовремена варијанта.“
„Пишете ми во коментар дали сме успеале во нашата идеја и која слика ви се допаѓа најмногу“ – напиша младата музичарка.













