Ана де Армас гостуваше во емисијата Good Morning America, во која го даде првиот коментар за Том Круз по гласините дека се состануваат.
37-годишната актерка шармираше во бел фустан за интервјуто со Мајкл Страхан.


Претходно, холивудската ѕвезда неколкупати беше „уловена“ во друштво на Том. Тие беа фотографирани заедно на вечера пред Денот на вљубените, наводно беа заедно на роденденот на Дејвид Бекам, а таа се возеше во неговиот хеликоптер пред две недели.






Запрашана за работата со Круз, Ана рече:
„Многу е забавно. Дефинитивно работиме на многу работи. Не е само една, туку неколку проекти со Дај Лајман, Кристофер Меквори и се разбира, Том. Многу сум возбудена“ – рекла таа.






